„Пинг понг“ со жалбите за казните на Јанева и Фетаи

20 April, 2017 - 16:07

Судски „пинг понг“ со казните за обвинителките Јанева и Фетаи. Откако апелација пред еден месец го врати предметот во скопска единица со насоки дека Кривичниот совет е тој што треба да одлучи по жалбите на паричните казни на обивнитлеките од СЈО, двата кривични совети одлучиле спортивно дека  тие не се надлежни и предметот пак ќе патува од понискиот во повисокиот суд.

„Кривичните совети на Осоновниот суд Скопје 1 на 10.04.2017 година  донесоа решенија со кои Кривичниот совет се огласува како стварно ненадлежен да постапува по жалбите, а по правосилноста на  овие решенија предметите да се достават на одлучување на Апеалциониот суд Скопје како стварно надлежен суд.“

Од скопска апелација велат нема да се прозинесат додека не го добијат решението, но провиот пат кога одлучија дека не се надлежни и го вратија предметот во основиот суд, за Телма објаснија дека и во самото решение на судијката Татјана Михајлова која со по 2.000 евра ги казни обивнителките, стои правна поука дека тие имаат право да се жалат пред Кривичен совет.

Адвокатот Звонко Давидовиќ објаснува дека има разлика дали се работи за казна за навреда на суд или пак казна за нарушување на редот во судницата. Во првиот случај за жалбата одлучува основниот, во вториот случај Апелациониот суд.

Според Давидовиќ ова е дел од игрите без граници кои се случуваат кога станува збор за СЈО и тенденцијата на обструкции кога станува збор за предмети поврзани со СЈО.

На судењето за „Шамарите во центар“, судијката ги казни Јанева и Фетаи рекоа дека записникот од судењето бил интелектуален фалсификат и дека судијката нема познавање на правото и не дошле да ја видат колку е убава. Михајлова за ова го извести и Советот за јавни обвинители кој одлучи, СЈО да испрати друг обвинител на рочиштата. Но и обвинителките поднесоа претставка против судијката пред Советот за утврдување факти. 

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 2931 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.