Пак пукна котелот, увозот на струја продолжува

10 January, 2017 - 18:31

АД ЕЛЕМ ке продолжи да увезува струја. За набавка на 3.600 мегават часови електрична енергија за следните два дена ќе се потрошат над 1.200.000 евра. Увозот ќе продолжи бидејки кусо време по поправката, повторно пукна котелот во блок три.

„Техничкиот зафат во термоелектраната „Битола 3“ на кој од саботата наутро интензивно работеа стручни екипи на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, заврши во текот на вчерашниот ден, и во фазата на синхронизација на електроенергетската мрежа беше детектирано повторно напукнување на цевка во котелскиот сегмент, по што овој капацитет во моментов е надвор од функција. Се очекува повторно да биде оперативен во најкус можен рок, односно за најдоцна 72 часа.“

ЕЛЕМ ќе  набави струја од 4 фирми, а цените се движат од 140 до 219 евра за мегават час. Од таму очекуваат цените на европските берзи во следните неколку дена да се намалат. Сепак според претседателот на македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев, високите цени на струјата ќе се задржат.

Вчера ЕЛЕМ набави 3.600 мегават часови струја по просечна цена од 101,43 евра за мегават час. Од ЕЛЕМ уверуваат дека увозот на струја нема да влијае на цената на струјата. Од СДСМ тврдат дека сметката за скапиот увоз на крајот сепак ке ја платат граганите.

Блокот број три во РЕК Битола пред неколку години беше модернизиран и за тоа беа потрошени 33 милиони евра а вон употреба е од ноќта мегу Бадник и Божиќ. Енергетски објект кој е реконструиран пред кусо време не треба да има вакви испади од системот вели Анѓушев.

Блокот три од РЕК Битола се расипа нокта мегу 6 и 7 јануари. Првичните најави беа дека ќе се поправи веќе во утринските часови на Божик, но санацијата на котелот и натаму трае.

Според податоците на ЕЛЕМ вчера и денеска за увоз на струја се потрошени над 167.000 евра а за следните два дена цехот ке достигне 1,29 милиони евра.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 4422 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.