Пацинети со скршеници и со настинки ги наполнија болниците

10 January, 2017 - 16:45

Болнички ходници преполни со пацинети кои завршиле со скршеници или други повреди заради студот и замрзнатите улици и тротоари. Само во Скопје безмалку 200 граѓани побарале лекарска помош.Најчести се оние со скршеници на рацете, а најбројни на Клиниката за хирушки болести „Св Наум Охридски“.

„Изминатите 4 дена се јавиле 127 пациенти, 11 се хоспитализирани, повеќето се со скршеници на раце, има фрактури и на колк, дистрозии, а имаме и смрзнатина кај пацинет кој чистел снег без ракавици“, вели д-р Јасмина Чабуковска од Клиниката за хирушки болести „Св Наум Охридски“.

Амбулантите пак се преполни со пацинети со настинки. Тие за разлика од грипот продолжуваат со несмален интензитет.

Грипот во моментот е со намален интензитетот. Иако пикот го достигна многу порано од претходните години, дел од лекарите не сакаа да прогнозираат дали тој повторно ќе земе замав кога ќе заврши распустот и децата ќе се вратат во училиштата и во градинките. Рано е велат да се каже дека вирусот не одминал, ако се земе предвид дека изминатите години февруари бил најкритичен месец. Дел од нивните колеги пак се убедени дека пикот на грип поминал.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 379 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.