Отворена седмата Coca-Cola Активна зона во Куманово

25 July, 2017 - 12:05

Вчера во Куманово официјално беше отворена седмата „Coca-Cola Активна зона“, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата, соопштија од Пивара Скопје и компанијата Coca -Cola.

Зоната во Куманово всушност е втора од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку градови во Македонија, а донирана е на барање на граѓаните на Куманово и е резултат на повеќемесечни подготовки.  

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е започнат во 2012 година и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за промоција на активниот начин на живот. Преку оваа платформа, меѓу другото, беа донирани и бесплатни паркиралишта за велосипеди што, истовремено, ја рефлектира и стратешката определба на двете компании за вложување во заедницата, но и за поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.

Веста е прочитана 1159 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.