Отворен креативен Хаб за поддршка на претприемачки идеи

18 May, 2017 - 16:43

Во рамки на Стопанската комора на северозападна Македонија е отворен „Креативен хаб“, со поддршка на амбасадата на Швајцарија. Младите и креативни луѓе во него ќе можат да добијат поддршка во реализирање на нивните бизнис- идеи. За нив ќе се овозможи менторство, обуки, семинари и консултации со стручни лица. Тоа ќе важи за сите млади претприемачи, жени, жителите од помалку развиените региони и лицата од ранливите категории.

„Моравме да креираме простор на сите оние кои веруваат дека нивната иднина е да работат во бизнисот, а не во јавната администрација, да ги покажат своите идеи, а ние да им помогнеме за заеднички да растеме и да ги изнесеме на пазарот и во Македонија, но и надвор од државата“, изјави Фатмир Битиќи, извршен директор во Стопанската комора на северозападна Македонија.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка ја имплементираат Свис контакт и Преда плус.

Веста е прочитана 495 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.