Откорнати повеќе садници од градското дрво поставено во центарот на Тетово

18 June, 2017 - 16:20

Повеќе садници од градското дрво поставено во центарот на Тетово се откорнати. Дрвото за прочистување на воздухот кое е во форма на билборд, е уништено од непознати сторители за само два ипол месеци откако беше промовирано пред граѓаните. Од еколошките организации, велат дека сега секој се грижи за својот двор, јавната еколошка свест речиси ја нема.

Од Македонското еколошко друштво, посочуваат дека поради немање еколошка свест, на големо се уништува биодиверзитетот на Шарпланинскиот масив. Оттаму велат дека криволовството и дрвокрадството земаат се поголем замав. Од канцеларијата за животна средина при Обединетите нации, велат дека природните предели вклучувајќи ја и Шар Планина може да се заштитат само со построги закони, односно преку прогласување за заштитени подрачја.

Инаку градското дрво се одржува преку користење на соларен панел и систем на зафаќање на дождовни води. Ваквите градски дрва можат да заменат стотици засадени дрва. Од Еко свест, оргнизација преку која со помош на Германската амабсада беше поставено градското дрво во Тетово, велaт дека се запознаени со неговото уништување.

Оттаму потврдија дека ќе се набават нови садници за градскотo дрвo и се надеваат дека јавната еколошка свест ќе се разбуди, и дрвото во форма на билборд повеќе нема да се оштетува.

Зоран Димовски

Веста е прочитана 7462 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.