Откажана претставата „ Ничија земја“ , како протест за Владо Јовановски

1 December, 2017 - 22:45

Полн салон од 600 гледачи во МНТ , вечерва беа вратени дома. Причина е откажувањето на изведбата на претставата „ Ничија земја“ , од страна на ансамблот, во знак на протест поради притворот на актерот Владо Јовановски. Како што неофицијално дознава Телма, пред изведбата на претставата на режисерот Александар Морфов, актерот Оливер Митковски излегол пред публиката и ја соопштил одлуката . Настанот предизвикал изненадување во колективот на театарот зашто ништо не најавувало дека ќе се случи тоа. Во театарот пристигнал и директорот Драган Спасов , кој за сега е недостапен за Телма, за било каков коментар околу протестот на актерите поради одредениот притвор на колегата Владо Јовановски, кој не учествува во оваа претставата, на неговиот матичен МНТ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор како еден од учесниците во движењето „ За заедничка Македонија “ кое влезе и учествуваше во крвавите инциденти во Собранието, од 27 април. Со одлука на судот , куќниот притвор денеска му е заменет со престој во затворот во Шутка и се очекува тој да биде спроведен.

Веста е прочитана 6126 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.