Османи и Димитров на средба со Могерини

14 November, 2017 - 10:21

Во Брисел продолжува посетата на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Утринава тие се сретнаа со високата претставничка на унијата Федерика Могерини. На средбата беа отворени темите за проширувањето на Унијата, предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот.

Османи посочи на успешната реализација на Планот 3-6-9, кој очекува, до крајот на неговата имплементација, истиот во целост да ги одрази барања на Унијата за реформи во Македонија, кои во соодветен рок би биле имплементирани.

Османи посочил дека владата е посветена на заторањето на сите отворени политички прашања, како што и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија. Тој изразил надеж дека се создадени соодветни услови за 2018 да биде историска година за Македонија од аспект на евроатлантските амбиции, за кога очекува да се постигне напредок кој ќе го затвори прашањето за ЕУ и НАТО во Македонија.

Веста е прочитана 589 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.