Окрупнување на земјоделското земјиште за раст на македонскиот аграр

9 November, 2017 - 16:07

Земјоделците мора да го окрупнат своето земјиште за да дојде до раст во македонскиот аграр, а особено кај индивидуалните производители. Малите производствени парцели никако не може да бидат конкурентни ниту во границите на државата, а уште помалку за извозно ориентирано земјоделство. На оваа тема денеска разговараше министерот за земјоделство и претставници на организацијата за храна и земјоделство на ОН со струмичките земјоделци и ја разгледуваа стратегијата за окрупнување на земјоделското земјиште 2012-2020 година.

Земјоделците се свесни дека окрупнувањето е следниот чекор што треба да се спроведе, но не знаат како ќе се одвива овој процес на терен. Сметаат дека ќе биде тешко да се примени ако сопствениците сами се договараат за замена или отстапување на парцелите.

Целта е до крајот на годината да се консолидираат 12 такви парцели и за нив Организацијата за храна и земјоделство на ООН, ФАО, ќе обезбеди инфраструктура и системи за наводнување.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 825 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.