Од понеделник ќе се знае дали седиштето на ВМРО-ДПМНЕ останува без тераса

23 November, 2017 - 17:10

Неговиот претходник најави, но не успеаа да ја отстрани, а Саша Богдановиќ кој седна во градоначалничката фотеља во Општина Центар, ветува дека конечно ќе се справи со терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.  Една година откако општината утврди дека е дивоградба, а оттогаш, опструкции и мешања од повиските инспекциски надзори за да се спаси од багерот овој дел од објектот, тврди  Богдановиќ, кој најави дека ќе бара и кривична одговорност од оние кои дозволиле да се гради.

Мостот „Око“, „Градска куќа плус хотелот“, Споменикот „Мајка Тереза“ се први објекти за кои веќе се прави ревизија. Помагаат јавнотот обвинителство, полицијата и СЈО. Богдановиќ, тврди дека е наравен криминал, но за сега не открива осомничени.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради наредната недела ќе го добие решението со кое ќе треба да си го отстрани споменикот на Андон Лазов Ќосето од пред судовите. Донацијата беше нивна, а според Богдановиќ, Град Скопје незаконски им дозволил да се поставaт споменик без градежна дозвола. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 6776 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.