Од петок дневните температури над нулата

11 January, 2017 - 12:08

Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок. Утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава под -15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Кон крајот на денот и во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места и дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата. 

Веста е прочитана 425 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.