Новогодишен концерт „Руска бајка“

1 January, 2017 - 18:41

Македонската опера и балет вечерва ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт насловен „Руска бајка“ под диригентство на Иван Еминовиќ. На концертот ќе настапи и истакнатата сопранистка од Украина, Тамара Калинкина. Делата на руските композитори Чајковски, Прокофјев, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман и Римски - Корсаков се вистински предизвик за сите уметници, вели сопранистката Тамара Калинкина во чија уметничка дејност се вбројуваат настапите на голем број реномирани музички сцени.

Навистина сум среќна сум што сум тука. Навистина убав театар и висококвалитетни пејачи, диригенти и оркестар. Мој омилен композитор е Чајковски. Ја чувствувам неговата музика, тој бил генијален и една од моите најсакани улоги е улогата на Татјана, вели сопранистката Калинкина.   

Во рамките на вечерашниот концерт во режија на Трајко Јордановски ќе настапи и македонскиот баритон Борис Трајанов, тенорот Дарко Нешовски заедно со истакнатите солисти на македонскиот балет во кореографија на Саша Ефтимова.

Нешто што најмногу одговара на новогодишна атмосфера, избравме најпознати дела од руски автори, имаме исто така одлични солисти. Сите знаат колку руските композитори имаат оставено позади себе и тоа е нешто кое дава непроценлива вредност на нас како уметници, додава Игор Дурловски .

Вечерашниот концерт насловен „Руска бајка“ е само уште една можност за македонската публика да ја почувствува празничната атмосфера и повторно ужива во вонвременската убавина на музичкото творештво на големите руски композитори, додава Дурловски.     

Нина Стефанова

Веста е прочитана 971 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.