Нов шок од новиот распоред во Кривичен

28 March, 2017 - 18:58

Нов шок од новиот распоред во кривичен. Дел од судиите кои пред истекот на работоното време го добиле документот со кој новиот ве де претседател Рибарев ги распоредува во други оддели за тв телма  велат и овој распоред спорен како е и од оној на неговата претходничка Татјана Михајлова. Коментарите се дека млади судии со неколку годишен стаж се унапредуваат а искусни судии кривичари се деградираат префрлаат или да работат по стари предмети или во прекршоци да одлучуваат за собракајки и јавен ред и мир.

Според распоредот до кој дојде Телма долгогодишни судии мегу кои и Седат Реџепагич ке и треба да се префрлат во бараките во парк за да одлучуваат за прекршоци. Во прекрошци е распоредена и Марија Клетничка Марковска една од потписнчките на петицијата против експретседателот. Панчевски пак според распредот ке одлучува за истрагите и  за барањата за притвор во предметите за организиран криминал  каде пристигнуваат и дел од барањата на сјо, заедно со судиите Александра Поп Стефанија  Елена Илиевска Јосифовиќ и Ненад Савевски.

Судијата Гоко Ристов кој го судеше Шпион и други предмети од организиран криминал  се префрла во да работи по стари предмети, кои се водат по претходниот закон за кривична постапка. Во оваа група се и судијата, Илија Трпков кој што го судеше Ровер и убиството на матурантот од Горче, судијката Гордана Спиревска која му судеше Чауш,  а бешпе и дел од кривичниот совет за притворот во случајот Труст Владимир Туфегџиќ, судијката Весна Димишкова која порано беше во организиран кримнал аја издаде  и наредбата за претрес на сјо во УБК. На стари предмети е рапсоредена и судијката Слаица Андреевска којаа му опредлеи притвор на градоначалникот на Битола.

Екс ве де претседателката на кривичен Михајлова ке суди предмети од органзиран криминал.

Судијката Лидија Петровска од Тврдина два чие име се споменуваше во Бомбите е поставена за судија на судска пракса

Од кривичен за сега нема коментар а  ве де претседатлеотСтојанче Рибарев попладнево беше недостапен на неговиот мобилен телефон. Тој пред 10тина дена имаше средба со судиите на која тие му кажале кој каде сака да работи но откако го виделе негвото конечно решение дел се незадоволни и се очекува повторно да има приговори до Врховен кој минатиот пат ги усвои речиси сите. 

Елена Иванова

Веста е прочитана 3489 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.