Ниски температури од жолта фаза

11 January, 2017 - 11:33

Согласно со најавата од управата за хидрометеоролошки работи, денеска за целата држава се предвидуваат ниски температури од жолта фаза, освен во Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти министерството за здравство.

Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години, остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза. За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион се препорачува да се внимава и работните обврски да се извршуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли пијалаци.

Веста е прочитана 360 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.