Невладините бараат да се воведе задолжително сексуално образование

11 January, 2017 - 16:19

Сексот останува табу тема

Младите кои прерано и неинформирани го доживеале своето прво сексуално искуство лесно посегнуваат по пороци, стануваат насилни, но и мета на насилници. Нивното ризично однесување, во отсуство на поддршка од родителите резултира со нарушено физичко и емоцонално здравје, покажуваат последните истражувања. Невладините, вината ја лоцираат во инсистирањето на традиционалните вредности, кои често ограничуваат и стигматизираат.

Загрижува и родовата нееднаквост. За сексуалниот развој, родителите повеќе разговараат со момчињата, отколку со девојчињата. Постапките им ги осудуваат дури и нивните врсници. Невладините кои се занимаваат со оваа проблематика, решение гледаат во системски промени. Велат, со сексуално образование треба да се започне уште од најрана возраст.

За навремено и сеопфатно информирање во образованието, невладините предлагаат поставување на платформа од човекови права за отворени разговори на теми поврзани со сексуалното однесување и родовите прашања. Според нив, табуата и стереотипите можат да се срушат само со аргументирање засновано на истражувачка евиденција.

Весна Јовановска Дојчиновска

Веста е прочитана 3373 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.