Нема дополнителни 20 полицајци за заштита на екс-премиерот

12 September, 2017 - 15:35

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот отчет за 100 дена влада истакна дека пред еден месец го одбил барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за нови 20 полицајци за обезбедување. Според законските одредби Груевски во ист период колку што бил премиер има право на 6-мина обезбедувачи и две возила на државна сметка.

Тој побара обезбедување од нови 20 луѓе од МВР, но по проценките на службите Спасовски тоа не го одобрил.

-Направивме проценка во Бирото за јавна безбедност и во Управата за безбедност и контраразунавање, анализирани се сите податоци и со оглед на тоа што неговото актуелно обезбедување од 6 лица ниту во еден момент до сега не пријавило закана по него или кон неговото семејство-нема никаква проценка дека треба да биде зголемено неговото обезбедување, изјави министерот Спасовски.

М.С. 

Веста е прочитана 2840 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.