Не почна расправата за законот за јазиците

13 September, 2017 - 19:51

Со процедурални јавувања и барања паузи, ВМРО ДПМНЕ не дозволи да почне расправата по Законот за јазиците. Истакна три барања: Законот да се одложи бидејќи не е во согласност со Охридскиот договор, да се отвори широка јавна расправа и да се почитуваат процедурите за носење ваков закон. Парламентарното мнозинство два пати со гласање го отфрли прелогот, а спикерот Џафери го одби барањето пауза од Илија Димовски само неколку минути по завршувањето на паузата дадена по барање на Антонијо Милошоски. Бурно реагираа сите опозициски пратеници.

Џафери и Димовски сепак постигнаа договор кој резултираше со уште една пауза.

Пред да се разодитат поради партиски обврски поврзани со локалните избори, како што објасни Џафери, пратениците едногласно донесоа одлука за распишување оглас за избор на член на ДИК. Пред почетокот на изборната кампања, претставник на БЕСА ќе го заземе местото на ДПА во Државната изборна комисија.

Соња Николовска

Веста е прочитана 2217 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.