Наместо преку АКМИС системот, предмети се делеле „на рака“

7 December, 2017 - 18:33

Кој предмет кај кој судија ќе се падне не одлучувал компјутер по случаен избор туку претседателот на судот кој се јавувал во писарница. Дека на рака се делеле предмети со потпис од претседателот на скопскиот Кривичен суд, утврди работната група која го испитуваше работењето на електронскиот систем. Кога тоа се вршело по електронски пат дел од судиите биле исклучувани од опцијата за избор без никаква писмена одлука и без причина. И покрај законската обврска во судот не постоела никаква контрола на тоа како се доделуваат предметите, а 860 останале без назначен судија. 

Контролата утврдила дека пречесто се менувале распоредите на судии што инаку се прават на почетокот на годината. Во кривичниот суд за 2 години 10 пати се менувал распоредот а само во септември 2016 три пати. Во септември годинава пак Во Врховен суд распоредот бил сменет дури девет 9 пати.

Не се почитувало начелото на специјализација на судиите, односно судии кои постапувале во предмети од граѓанска материја се прераспределувале во кривична материја и обратно.

СЈО веќе има отворено истрага за начинот на распределување на предметите и го побарало извештајот .

Не се донесени внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите. Министерот рече дека не бил користен модулот за автоматска распределба на предметите, а распоределбата се вршела рачно. Стручен соработник избирал кривичен совет кои судии ќе го реферираат предметот.

Биле исклучувани во Кривичниот и во Врховниот суд, покажа извештајот на работната група на АКМИС – Автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети, што на прес-конференција го презентира министерот за правда, Биљен Саљији.

Во согласност со извештајот, само во кривичниот суд за 2 години 10 пати се менувал распоредот на судии, а во Врховен само во септември 2017 распоредот на судии бил сменет 9 пати. Судии што судат кривични предмети биле префрлани во граѓанскиот оддел на Врховниот суд, а за 860 предмети во кривичниот не бил доделен судија.

Предметите во кривичниот суд биле доделувани само со јавување на претседателот на судот во писарницата и со негов потпис. Саљии рече дека во Врховниот суд со промена на годишниот распоред на судии наместо случаен, се добивал очекуван избор на судии. Не сакаше да ги потенцира имињата на претседателите на судовите кај кои се откриени злоупотереби на процедурите. Рекоа дека тоа според извештајот е повеќе од јасно. Според она што беше изнесено станува збор за судиите Јово Вангеловски, Владимир Панчевски, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев.

АКМИС-от се применувал според претходно применета рачна прераспределба на предмети за што постои писмена одлука од Претседателот на судот но таа не е во согласност со одредбите на Судскиот Деловник.

На овој начин наместо случаен избор на судија се добива очекуван избор на судија.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 1139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.