Надлежните ветуваат дека ќе ја штитат екологијата од рудниците

21 April, 2017 - 19:18

Директори од рударскиот бизнис, професори, како и претставници на министерствата за животна средина и за економија, апелираа денес до македонската јавност, дека без аргументи и стручни анализи, не треба однапред да се осудува потенцијалното отворање на нови рудници. Во близина на Гевгелија допрва треба да следуваат геолошки истражувања, кои ќе покажат дали таму воопшто има и колку е квалитетно рудното богатсво.

Николов признава дека надлежните не придонеле доволно да им се разјасни ситуацијата на граѓаните. Но, според него, доколку се продолжи со негативната кампања, таа може да ги одврати потенцијалните инвеститори. Укажа дека многу градови живеат токму од рудниците, а оваа дејност вработува близу 13 илјади лица.

Од Екологија тврдат дека нашата законска регулатива за заштита на животната средина е многу строга, во некои делови дури и повеќе од онаа на ЕУ. Не можеме да не работиме ништо, велат, за така да ја заштитуваме природата.   

Од Геолошкиот завод укажуваат дека на нашата земја и се потребни рудници. 

Неговиот колега, Дејан Мираковски, смета дека во земјава постојат доволно знаења и капацитети за минералните ресурси да се извадат ефикасно и безбедно, и за работниците, и за животната средина. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 2305 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.