МПС: Полицијата работи во катастрофални услови

18 May, 2017 - 16:14

Застарена и нефукционалана опрема за работа, неквалитетна и нередовна исхрана, огромен број неплатени прекувремени работни часови. Проблемите за кои години наназад алармираше независниот синдикат на полицијата, сега итно се најдоа во фокусот и на Македонскиот полициски синдикат. Велат, неопходно е веднаш да се отпочне дијалог со новата Влада.

Доколку навремено не се реагира за да се решат наталожените проблеми, велат, не исклучуваат ниту штрајк на полицијата.

На листата приоритети на синдикатот кои итно треба да се решат се и распределувањето на полицајците со положен приправнички испит и усогласувањето на платите на полициските службеници со оние на вработените во Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Царината. 

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 9924 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.