ОН: Младите мигранти се жртви на злосторство на патот кон Европа

12 September, 2017 - 12:40

Повеќе од три четвртини од децата и младите лица, кои се обидуваат да мигрираат во Европа преку Средоземното Море, се жртви на злоупотреба, се наведува во извештајот на ОН, што беше објавен денеска.  Со истражувањето, спроведено од страна на ОН, биле опфатени 22.000 мигранти и бегалци, меѓу кои и 11.000 деца и млади лица. Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ) и Меѓународната организација за мигранција (ИОМ) соопштија дека младите мигранти од Субсахарска Африка се најмногу изложени на ризик од злоставување, веројатно поради расизам. 

„Апсолутна вистина е дека децата кои го преминуваат Средоземното Море се жртви на злоупотреба, трговија, малтретирање и дискриминација“, нагласи регионалниот директор на УНИЦЕФ за Европа, Афшан Кан.

Двете организации наведоа дека, 77 проценти од децата и младите мигранти кои се обидуваат да стигнат во Европа преку Средоземното Море, имаат „директно искуство со злоупотреба, експлоатација и трговија со луѓе“. Истовремено, Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека денес повеќе од половина деца-бегалци во светот, околу 3,5 милиони, не посетуваат училишта, апелирајќи да бидат обезбедени поголеми и постабилни средства за нивното образование. 

 

Веста е прочитана 270 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.