Минималната плата се исплаќа согласно законот

10 October, 2017 - 14:50

Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатата на минималната плата во јавниот сектор се врши согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.

- Во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии истакнува дека во однос на исплатата на минималната плата во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите. Во однос на минималната плата исплатите се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници. Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие истата ја исплаќаат согласно предвиденото со закон, се наведува во соопштението.

Согласно законските измени од овој месец почна исплатата на минималната плата во висина од 12.000 денари

Веста е прочитана 1100 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.