Мексико: Бројот на загинати во земјотресот зголемен на 15

8 September, 2017 - 13:34

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мексико се зголеми на 15, изјави Рикардо де ла Круз, претставник на Агенцијата за вонредни ситуации.

Тој рече дека тела на десет жртви се пронајдени во градот Јучитан на југ во Мексико.

– Билансот на загинати е 15, врз основа на податоци од сите држави, изјави тој за телевизијата Миленио.

Претседателот на државата Енрике Пења Нието рече дека тоа  бил „најсилен земјотрес во изминатите 100 години“ во таа држава. Земјотресот бил со интензитет од 8,1 по Рихтер.

Веста е прочитана 399 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.