„Макпетрол“ прослави 70 години постоење

21 September, 2017 - 15:47

Нафтената компанија Макпетрол, синоќа прослави 70 години постоење. Создадена од 1947 со 85  вработени и мрежа од неколку бензински пумнпи денеска Макпетрол е најголемата фирма во бизнисот со нафта во земјава, беше истакнато на прославата. Во моментов во компанијата работат 1.700 вработени, мрежата од бенсински станици достигна до 127, а ја поседува и единствената био рафинерија со капацитет од 25 илјади тони за производство на чист биодизел. Од Макпетрол ветија дека и понатаму ќе работат на производство на природен гас како чист извор на енергија, ќе ги применуваат најригорозните стандарди за квалитетни производи и ќе продолжат да бидат општествено одговорна компанија. 

Веста е прочитана 895 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.