Македонија е заробена во корупција

7 December, 2017 - 17:07

Заробена држава, поим кој изминатите години се користеше како дефиниција за македонското општество – стана симбол и на борбата против корупцијата. За меѓународниот ден на борбата против корупцијата, невладините организации ја избраа токму темата за заробена држава, како причина за актуелната политичка криза. Преку таа состојба се испреплетуваат и политички и економски интереси.

Спасовски како министер тврди дека ќи ги слушаат критиките и ќе реагираат. Тоа го изрече и пред претставникот на Европската комисија во Македонија, кој е втор дипломат кој во иста недела посочува дека функционерите се тие кои сами треба да дадат пример во борбата против корупцијата и злоупотребите на власта.

Платформата на невладините организации за борба против корупцијата оценија дека корупцијата е една од причините поради кои се појавија злоупотребите на претходната власт.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 1450 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.