Кој избира декани на УКИМ?

19 May, 2017 - 16:25

Постапката за избор на декан на стоматолошкиот факултет  следната недела ќе биде предмет на надзор од страна на инспектори на државниот просветен инспекторат. Проблемот е на релација меѓу наставно научниот совет и ректорот. 26 професори , членови на овој совет го обвинуваат Јанкуловски дека незаконски постапува и не ја почитува нивната волја. Со мнозинство гласови уште пред 5 месеци избран е професорот  Киро Ивановски како единствен кандидат за декан.

Парадокасално е вели Ивановски дека работите се повторуваат, барем во случајот со дел од факултетите. На фармацефтскиот факултет пред 5 години исто така бил избран кандидат за декан кој тогаш актуелниот ректор не го потврдил . Ивановски се сомнева дека ова му се случува само затоа што активно ги подржал студенстките протести и бил дел од професорксиот пленум. Колегите кои застанаа зад него во меѓувреме упатија и отворено писмо на ректорот Јанкуловски

-Бидејќи во согласност со Законот и Статутот сте информирани за нашиот избор, Ве прашуваме зошто полни 5 месеци ја игнориравте нашата воља и зошто незаконски постапувате? Зошто за времен вршител на должноста декан ја назначивте  д-р Мирјана Поповска , редовен професор на стоматолошкиот факултет? Зошто нашиот глас не вреди ништо и зошто ја погазивте автономијата на нашиот факултет?

Досега не добиле одговор. Став од ректорот Јанкуловски не добивме ни ние. Доколку државниот просветен инспекторат утврди нерегуларности и кршење на законот една од опциите е поништување на одлуката за назначување на в. д. Декан.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 2524 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.