Кој е Митко Чавков и што правел на 27 април?!

1 December, 2017 - 21:32

Кривичниот суд нема рок до кога треба да одлучи дали на притворениот во истражниот затвор Шутка и поранешен директор за јавната безбедност Митко Чавков ќе му дозволи да го прегледа лекар по негов избор. Адвокатот Љупчо Шврговски денеска доставил барање во кое објаснил дека Чавков има срцеви проблеми, а во затворот не му се исполнети лекарските препораки да трча и по 10 километри на ден.

Независно дали Чавков од судот ќе добие вонреден лекарски преглед тој три дена откако беше приведен и притворен во Шутка одлучи да штрајкува со глад, а неговото семјство побара и од народниот правобранител да ги испита условите во кои престојува. 

Одбраната, пак, на Чавков кој доби притвор по истрагата на Јавнотот обвинителство ја обжали одлуката на Кривичниот совет. Бараат притворот да биде укинат, а Чавков да остане да се брани од слобода. 7 месеци истрага покажала дека Митко Чавков е вмешен во случувањата и насилството во собранието на 27 април, а обвинителството побара и доби притвор за него како осомничен за дело Терористички акт кон уставниот поредок и загрозување на безбедноста. Медиумите тој ден регистрираа демонстранти, но и лица со „фантомки“ како удираат и клоцаат. Паднаа првите притвори, но и затворски казни. Чавков кој требаше да го води оперативниот штаб во МВР бил недостапен за министерот на МВР, Нухуи, но затоа одговарал на повиците на партискиот лидер.

Сознаниајта на Телма беа дека Чавков кревал телефон, и бил активен на 27 април. Не во оперативниот штаб во МВР туку базните станици на мобилниот оператор ќе го лоцираат во центарот на Скопје, близу партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, токму тие два часа кога настрадаа присутнитие во Собранието.

Јавното обвнителство се уште одбегнува да соопшти дали во оваа истрага за насилствата и за дело Терористички акт против уставниот поредок се заокржува истрагата со се нарачателите, кординаторите и извршителите на насилствата, бидејќи познавачите на правото велат дека за ова дело да се докаже во суднциа потребни се докази кои ги поврзуваат сите во иднина обвинети. 

3- ти август е последниот работен ден за Чавков кој од директор на бирото за јавна безбедност во 2013-та стана министер во 2015-та, за да се врати повторно на оваа позиција се до неговото заминување во пензија. Тогашниот министер Нухиу го посочи како надлежен кој не постапувал за време на насилствата, ниту издавал наредби преку “Тетра“ системот за кој се докажа дека нефункционирал со години. Опозицијата која направи Влада го разреши и го посочи дека давал наредби тој ден, и тоа на лица кои сториле кривични дела во Собранието. Чавков последната декада важеше за постојан избор на партијата ВМРО-ДПМНЕ, човек кои меѓу другите ја водеше и акцијата во „Диво насеље - Кумановско, во кој загинаа 8 полицајци и 10 терористи беа убиени.

Тогаш оставка дадоа неговата претпоставена Гордана Јанкуловска и колегата директор на тајната полиција Сашо Мијалков, додека тој по препорака на еднодвениот министер за вантрешни Оливер Андонов беше избран од владата за министер.

Чавков јавноста за прв пат ја привлече кога седна во директорската фотеља, и пријави имотна состојба, за по неколку месеци да достави нов имотен лист во кој ги  нема повеќе имотите на неговите деца. Сега таму последно е наведено дека неговите деца возат автомобил вреден 8 илјади евра, иако на социјалните мрежи има фотографии со луксузни автомобили кои чинат десетици илјади евра.

Фамилијата Чавкови се најде на мета на тогшаната опзиција, но никогаш на истражнтие органи дека неговите деца и роднини управуваат со фирми и добиваат државни концесии за земјишта и ископи. Во 2006-тата година струмичката полиција ќе поднесе кривична пријава против поранешениот градоначалник Кирил Чавков која не добива суддкс разрешница дали неговиот брат ја злоупотебил или не ја золупотребил служебнатап оложба купувајки преку концесија камион за комуналното претпријатие.

Павле Беловски

Веста е прочитана 11881 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.