Кирацовски - нов генерален секретар на СДСМ

18 June, 2017 - 21:16

Александар Кирацовски е нов генерален секретар на СДСМ. Одлуката, едногласно, ја донесе Централниот одбор на партијата.

Кирацовски до сега беше потпретседател на СДСМ, а пред изборите  беше дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. Кирацовски е пратеник во Собранието.

Централниот одбор ги поддржа и другите предлози што ги соопшти претседателот на партијата Зоран Заев и за нови потпретседатели ги избра Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Петре Шилегов и Благој Бочварски.

Потпретседатели остануваат и Дамјан Мачневски и Фросина Ременски. Партијата вечерва избра и нови членови на Извршниот одбор.

 

М.Д.

Веста е прочитана 2162 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.