Казни за актерите што ја одложија изведбата на „Ничија земја“ во МНТ

2 December, 2017 - 16:02

По синоќешното откажување на изведбата на претставата „Ничија земја“ во МНТ, пред полн салон публика, како протест за определениот затворски притвор на актерот Владо Јовановски , што му беше заменет со домашен, за неговите колеги актери, в.д. директорот Драган Спасов најави казни. А, министерот за култура Роберт Алаѓозовски настанот го опиша како пример за партизирана и сеуште заробена држава, од претходната власт.

„Јас реков сите до еден да бидат санкционирани со казна која што е нормална за вакви работи. Зашто во ред е да се солидаризираш со некој актер и т.н. Но нека се солидаризираа денеска, па да излезеа надвор да направеа нешто, а не да вратат 600 луѓе публика“, рече директорот Спасов.

„Овој пример со бојкотот на претставата покажува само колку е македонската држава сеуште заробена од претходниот систем и колку партизацијата е длабоко навлезена во институциите. За нас е нормално и прифатливо да се солидаризираат . Меѓутоа ние ги повикуваме не само членовите на овој ансамбал, туку и сите вработени во културата добро да размислат со кого се солидаризираат и за какви акти“, вели министерот Алаѓозовски. 

Сотир Трајков

Веста е прочитана 9112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.