Јункер до Заев: Ова е почеток на едно прекрасно пријателство

6 December, 2017 - 18:35

Eвропската Унија ја охрабрува Македонија да ги спроведе реформите, за да може земјата да добие чиста препорака и евентуално почеток на преговори со унијата.

Премиерот Зоран Заев ветува дека Македонија ќе ги исполни реформите, и дека треба да се најде во стратегијата за проширување, што Европската Унија треба да ја објави во февруари. 

„Задоволен сум од неговата работа и ова е почеток на едно прекрасно пријателство“, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Брисел.

Тој истакна дека сака да ја охрабри Македонија да продолжи на патот кој го започнала, при што напредокот кој бил направен во изминатите месеци е извонреден.

-Сакам да кажам дека ние како Европска комисија сме многу посветени на сите земји од Западен Балкан. Сите тие имаат европска перспектива и ние ќе донесеме одлука во наредните осум, девет месеци како да продолжиме со секоја од овие земји, бидејќи постои процес заснован на заслуги, рече Јункер.

“Ние во Комисијата ќе одлучиме во наредните 5 до 6 месеци како ќе продолжиме со секоја од овие земји бидејќи ова е процес базиран на заслуги а заслугите на премиерот и земјата се добри”, рече Јункер отворајќи надеж дека длабоките реформи во кои е влезена Македонија овој пат навистина ќе не водат во преговори за членство со ЕУ.

Во февруари се очекува стратегијата на ЕК за Западниот Балкан. Македонија се надева дека во оваа прилика ќе добие чиста препорака за преговори за членство без условеноста што беше вметната пред 2 години. Таа надеж денес на изрази и комесарот Јоханес Хан кој исто така присустуваше на средбата помеѓу Јункер и Заев.

Од Брисел, Борјан Јовановски

 

Веста е прочитана 2817 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.