Југохром ќе проработи во јуни

12 October, 2017 - 16:29

Комбинатот Југохром ќе биде пуштен во употреба на почетокот на јуни. Дотогаш се очекува да бидат поставени филтрите на печките 7 и 8 а работниците ќе се вратат на работа. Меморандумот за разбирање што го потпишаа владата, менаџментот и синдикатот на фабриката, ги содржи обврските на трите страни и со него се гарантира иднината на комбинатот, му дава правна сигурност на инвеститорот и заштита на животната средина.

„Владата со меморандумот зема обврска, дека ќе обезбеди правна сигурност инвеститорот да ги добие сите овластувања а ние во кратки рокови да одговориме, тоа му е потребно на секој инвеститор. Не е единствен загадувач Југохром, не гарантираме идеално чист воздух но тоа што го партиципираше Југохром, ќе биде елиминирано“, рече вицепремиерот Анѓушев.

„Мај - јуни комбинатот ќе биде спремен за вклучување на печките. Нема опасност дека Југохром ќе работи без филтри, меморандумот не мотивира да ги ставиме, па потоа печките, ветувам дека нема ни еден ден да работи без филтер“; вели управителот на Југохром, Васко Скендеровски.

Изградбата на системот за отпрашување ќе чини повеќе од 12 милиони евра а само првата фаза 4,5 милиони евра. Фабриката го сопре производството на 2 ноемрви минатата година бидејки не се испочитува рокот за изградба на систем за отпрашување, со што 800 работници останаа без работа.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 478 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.