Јапонската влада усвои предлог-законот, што овозможува јапонскиот император Акихито да абдицира

19 May, 2017 - 09:50

Јапонската влада денеска одобри специјален предлог-закон, кој му дозволува на јапонскиот император Акихито да абдицира и да го предаде престолот на својот најголем син Нарухито, јави ТАСС.

Текстот ќе биде доставен на разгледување во парламентарна комисија во најскоро време и се очекува да биде конечно донесен во средината на јуни.

Предлог-законот беше изготвен специјално за 83-годишниот јапонскиот император Акихито, кој во август минатата година во видео-обраќање кон народот изрази желба да се повлече од престолот поради поодминати години.

Се претпоставува дека Акихито може да абдицира во декември 2018 година, кога ќе наполни 85 години.

Веста е прочитана 2309 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.