Изетбеговиќ: Ќе ја признаеме независноста на Косово

14 November, 2017 - 10:29

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ тврди дека БиХ ќе ја признае еднострано прогласената косовска независност, која, како што вели, досега веќе требало да го направат тоа.

На директно прашање, дали Босна и Херцеговина ќе ја признае независноста на Косово, Изетбеговиќ кратко одговорил: „Да“.

„Што се однесува до мене, Косово би требало да биде признаено. Сега ќе се налутат нашите колеги, а нашите обиди тоа да се случи, само ни донесоа проблеми внатре во БиХ, а не му помогнаа на Косово“, рекол Изетбеговиќ во интервју за „Дојче веле“.

По емитувањето на интервјуто, се огласи и српската страна. Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, го повика претседателот Вучиќ во наредните 48 часа да го свика Советот за национална безбедност за да разгледа какви чекори ќе преземе во иднина и какви ќе бидат односите кон Босна и Херцеговина. Изјавата на Изетбеговиќ не може да биде ниту добронамерно ниту позитивно во односите меѓу Србија и БиХ, смета Стефановиќ. 

Веста е прочитана 255 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.