Иванов му го додели мандатот за составување Влада на Зоран Заев

17 May, 2017 - 12:15

Претседателот Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Иванов рече дека се отстранети пречките за доделување на мандатот.

Заев рече дека до претседателот доставил изјава во форма на гаранции во која пишува дека се обврзува да ги заштити унитарноста, сувереноста и територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.

Во изјавата пишува дека ниту еден документ, акт или дејствие кое е спротивно на горенаведените заложби не може да бидат услов или основа за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија.

Со изјавата мандатарот гарантира заштита на унитарноста, територијалниот интегритет на Македонија и заштита на државните интереси.

Веста е прочитана 7960 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.