Ирма премина во тропска бура, се стравува од поплави

11 September, 2017 - 16:51

Ураганот Ирма премина во тропска бура, но на Флорида властите ги предупредуваат граѓаните и натаму да не ги напуштаат домовите и засолништата. Во одредени делови од градот се уште трае опасноста од поплави, а бидејќи на удар е заливот Тампа се стравува од висината на брановите кои би можело да достигнат  4,5 метри.

Најсилниот удар беше во текот на ноќта. Центарот на ураганот удри на копно, јужно од градот Нејплс. Сепак, Ирма и натаму е сериозна закана, посебно за централнииот дел на Флорида.

„Се уште сме загрижени за бурата и поројниот дожд кои следуваат по она што Ирма ќе го остави. Од категорија 1 треба да се намали на тропска бура, која сама по себе е доволно лоша, а потоа следи тропска депресија. Сега се движи кон планиснките области на Џорџија, Јужна Каролина, Алабама и кон Тенеси“, вели метеорологот Стив Хамилтон. 

Тука ќе предизвика поројни врнежи од дожд кои за планиснките региони се голем проблем. Дополнително ветрот ќе дува со брзина од 80 километри на час, кој ќе направи голема штета, како корнење на кровови и дрвја.

Во налетот на Ирма загинаа 4 луѓе, а спасувачките екипи напорно работат во потрага по исчезнатите. Сепак, Флорида не ја зафати најлошото сценарио, и материјалната штета е многу помала од очекуваното. Во 1992, оваа сојузна држава ја погоди сериозен ураган, па од тогаш системот на градба е направен за да може да издржи и удари на ветрот до 215 километри на час.

 

Алиса Шутиноска

Веста е прочитана 1257 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.