ИОМ: Речиси 140.000 Ирачани ги напуштија домовите во Мосул

10 January, 2017 - 14:01

Од почетокот на воената операција за протерување на милитантите од групата Исламска држава (ИД) од Мосул, речиси 140.000 Ирачани ги напуштија домовите во овој ирачки град, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Според податоците на ИОМ, 23.000 семејства или 139.000 луѓе се раселени од стартот на воената операција, што почна на 17 октомври. Ирачките безбедносни сили, со поддршка на антиџихадиситичката коалиција предводена од САД, покренаа операција за повторно преземање на контрола над северниот град Мосул од ИД. 

Веста е прочитана 151 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.