Инцидент на собраниската расправа за разрешувањето на Зврлески

9 August, 2017 - 12:01

Претседатеот на Собранието, Талат Џафери, даде десетминутна пауза за да ги смири тензиите откако сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорница за да го спречат собраниското обезбедување, што го повика Џафери, да го тргне Антонио Милошоски.

Недоразбирањето настана кога Милошоски побара збор за процедурална забелешка а Џафери веќе му даде право на реплика на друг пратеник. Во тие моменти пратениците на СДСМ не беа присутни во салата. 

Денешната седница е уште едно продолжение на точката за разрешување на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлески. Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Антикорупциската комисија, дали може да се разрешува именуван функционер по распишување на избори. СДСМ смета дека ова е уште еден обид за одолговлекување на точката и оневозможување на Собранието да го разреши Зврлески.

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи расправата за разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески.

 

Предлогот Зврлевски да биде разрешен го поднесе Владата на РМ поради, како што се наведува во образложението, незаконско, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Во документот стои и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и дека го нарушува нејзиниот углед.

Веста е прочитана 7456 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.