И Валандово сака референдум за рудникот

19 April, 2017 - 19:18

Гевгелија е подготвена за референдум. Здружението „Спас за нас“ кое ја води кампањата против отворање на рудници во општината, вели дека граѓаните се запознати дека во недела треба да излезат и да гласаат. Трибини, дебати, средби со граѓани но и активна кампања на социјалните мрежи се дел од стратегијата на оваа граѓанска иницијатива да се анимираат гевгеличани масовно да го поддржат референдумот.

И Валандово во примерот на Гевгелија бара граѓаните на референдум да се изјаснат за отворањето на рудникот во Казандол. Велат дека граѓаните се организираат, но не очекуваат подддршка од локалната самоуправа, бидејќи според нив, тие се за отворање на рудникот.

Градоначалникот на Валандово изјави дека наредната недела ќе има јавна седница на совет на која ќе присуствуваат и експерти од областа на животната средина. На седницата се очекува да се изјаснат засегнатите страни и да се изнесат аргументите за и против рудникот.

Југоистокот се мобилизира пртотив отворање на рудници во регионот. Граѓанска иницијатива против рудникот во Иловица е најавено да се формира и во Струмица.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 7165 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.