Хуманитарен концерт на струмичките гимназијалци

5 January, 2017 - 16:27

По седми пат струмичките гимназијалци го одржаа  хуманитарниот новогодишно-божиќен концерт. Педесетина учесници на сцената, солисти, оркестар и танцувачи ги исполнуваа најголемите хитови на кралот на поп музиката- Мајкл Џексон.

Повеќе од еден час траеше концертот на средношколците, кои празничниот настап го замислиле како мултимедијалното шоу и на него работеле неколку месеци.

Концертот на гимназијата Јане Сандански, традиционално се подготвува со Младинскиот совет на општина Струмица. Оваа година средствата од продадените влезници, како и донираните пари се за лекување на Никола Новоселски, кој се наоѓа по коматозна состојба по преживеана тешка сообраќајна несреќа. Потребен му е третман со матични клетки во Русија, за подобрување на здравствената состојба.

 

Сузана Мицева

 

Веста е прочитана 774 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.