Градоначалникот на Загреб во работна посета на „Алкалоид“

9 August, 2017 - 15:56

Делегација од канцеларијата на хрватската метропола, предводена од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ oствари работна посета на „Алкалоид AД Скопје

За време на работната средба, генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов го запознал Бандиќ со деловните операции на компанијата на хрватскиот пазар, каде производите на „Алкалоид се присутни речиси половина век.

„Кога една компанија успеала цели 8 децении да се одржи на европскиот и да допре до светскиот пазар, тогаш нејзин главен гарант е единствено високиот квалитет. Навистина сум воодушевен од она што имав можност да го видам низ производните погони на "Алкалоид" и сега ми е сосема јасно зошто кога ме боли глава, веднаш посегнувам по Кафетин“, изјавил Бандиќ по обиколката на производствените капацитети.

Како тема на разговор во рамки на средбата, било и претстојното сениорско Европско ракометно првенство, кое во јануари следната година ќе се одигра во Хрватска. Од позиција на претседател на Ракометната федерација на Македонија, Мукаетов побарал логистичка поддршка од домаќините, имајќи го предвид огромниот интерес кај македонските ракометни фанови за следење на овој спортски спектакл од трибините на „Арена Загреб, како и искуството од 2009 година, кога македонската „Фаланга ‘ги запоседна Вараждин и Задар за време на Светското ракометно првенство.

Мукаетов и Бандиќ заедно го проследиле и синоќешниот натпреварот од УЕФА Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. 

Веста е прочитана 552 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.