Голем пожар во центарот на Скопје

21 April, 2017 - 16:19

Во големиот пожар кој избувна денеска на пладне во близина на Градежното училиште Здравско Цветковски, изгореа бараките на поранешниот Заводот за урбанизам.

Нема повредени, средношколците беа навреме евакуирани од училиштето. Силниот ветер им ја отежна работата на пожарникарите, додека полицијата ги затвори за сообраќај околните улици.

Веста е прочитана 3156 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.