Game of Thrones го сруши рекордот на Еми наградите

19 September, 2016 - 14:42

Серијата Game of Thrones го сруши рекордот на телевизиските награди Еми, со вкупно освоени 38 златни статуетки. На синоќешното доделување на наградите во Лос Анџелес, популарната серија освои вкупни 12 награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобра драмска серија.

За најдобра комедија и годинава беше прогласена Veep, која како и Game of Thrones е дело на американскиот премиум кабелски канал HBO.

Инаку, досегашниот рекорд на освоени златни статуетки Еми, го држеше хумористичната серија Fraiser, која за време на 90-тите години освои вкупно 37 награди.

 

Веста е прочитана 1173 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.