Форбс објави листа на најплатените познати личности

15 June, 2017 - 11:16

Списанието Форбс објави листа на 100 најбогати ѕвезди во 2017 година. 

Предвид ги земале сите тие кои спаѓаат под категоријата „celebrity” т.е. музичари, автори, глумци, спортисти и реалити ѕвезди.

А тоа што сите ги изненади е бројот еден на листата, кој се најде пред Бионсе, Дрек и Кристијано Роналдо, а се работи за Шон Комбс, кој е познат и како Диди, т.е. P. Diddy, т.е. Puff Daddy.

Како и да се нарекува денес, тој во 2017 година заработил најмногу и тоа благодарение на повратничката турнеја, на линијата за облека и договорот со познат производител на вотка.

Честа да биде најмлада на листата на топ 100 најплатените оваа година припадна на Кајли Џенер, која вреди импресивни 41 милион долари, додека најстаро лице на листата е Џуди Шеиндлин, на јавноста позната и како Judge Judy.

Во топ 100 влегоа и Џастин Бибер, Елен ДеГенерес, Адел и многу други, а еве ја и „златната десетка”.

1. Sean Combs (130 милиони долари)

2. Beyoncé Knowles (105 милиони долари)

3. J.K. Rowling (95 милиони долари)

4. Drake (94 милиони долари)

5. Cristiano Ronaldo (93 милиони долари)

6. The Weeknd (92 милиони долари)

7. Howard Stern (90 милиони долари)

8. Coldplay (88 милиони долари)

9. James Patterson (87 милиони долари)

10. LeBron James (86 милиони долари)

Веста е прочитана 6170 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.