Фатен препродавач на карти за Супер куп

7 August, 2017 - 18:42

Полицијата приведе 41-годишен скопјанец - препродавач на билети за Супер куп. Тој нудел, рекламирал и се обидел преку интернет огласувачите да продаде две карти за Супер куп за сума од 600-тини евра. Оставил телефонски контакт и име што било доволно полицијата да изврши претрес во неговиот дом, да ги најде билетите и да го приведе лицето.

Одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичката како докази во постапката. Според новите измени на кривичниот законик донесени поради Супер купот препродажбата на билети построго се санкционира и за тоа дело е предвидена парична казна или затворска казна до една година. 

Веста е прочитана 5722 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.