Ескалација на немирите во Венецуела

18 May, 2017 - 11:21

Венецуелскиот претседател  Николас Мадуро почна да испраќа 2.600-тини војници во Тачира, една од 23-те сојузни држави во венецуела, по грабежите и нападите кои се случија. Војниците пристигнале во текот на ноќта. Пред два дена, Мадуро повторно ја продолжи вонредната состојба во земјата, која му овозможува ограничувања на уставните гаранции и преземање на посебни мерки во економскиот, политичкиот и судскиот систем во земјата. Од 1 април Венецуела ја потресуваат протести и судири со полицијата, кои стануваат се поголеми. Вчера загина 15-годишно момче со што билансот на загинати се зголеми на 43. Демонстрантите бараат оставка од Мадуро, поради тоа што со своите политики гражаните ги доведе до просјачки стап. 

Веста е прочитана 671 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.