ЕЛЕМ продолжува да увезува струја

11 January, 2017 - 16:14

АД ЕЛЕМ распиша нов оглас за увоз на струја. За 14 и 15 јануари бара 7.200 мегават часови електрична енергхија а за периодот од 16 до 22 јануари уште 20.160 мегават часови. Цената по која ќе се набават потребните количини ќе се знае утре но се очекува трошоците да бидат пониски во споредба со увозот направен во последните два дена поради стабилизирање на цените на европските берзи каде еден мегават час електрична енергија од 150 евра падна на 79 евра.

За овие два дена АД ЕЛЕМ купи струја од 4 компании, „ГЕНИ“, „ЕДС“, „ИНТЕРЕНЕРГО“ И „Данцхе комодитис“ по цени кои се движеа од 140 до 219 евра за мегават час и за вкупно 7.200 мегават часови струја потроши 1,2 милиони евра.

ЕЛЕМ уверува дека снабдувањето со струја за домаќинствата и помалите компании се одвива редовно и според потребите. Вчера е регистрирана за 30% поголема потрошувачка на струја а измерената температура била 15 степени пониска од просекот во последните 5 години. Освен температурата директно влијание врз цената велат дека има зголемената потрошувачка и побарувачка  како и застојот на повеке енергетски капацитети  во регионот.

„Во текот на вчерашниот ден Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји“, велат од АД ЕЛЕМ.

Стабилноста на енергетскиот систем не е доведена во прашање уверува Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност. Ситуацијата е безбедна, никој нема да остане без струја уверува тој а дефекти ќе се случуваат, нив никој не може да ги предвиди.

Увозот нема да влијае на цената на струјата уверува ЕЛЕМ, бидејки негативните ефекти ќе се нивелираат од продажбата на вишоците струја реализирани во ноемрви и декември.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 1824 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.