Експертите за економските приоритети на новата влада

18 May, 2017 - 18:18

За опоравување на економијата потребен е храбар политичар кој според дел од економистите прво ќе обелодени дека долгот тежи повеќе од 6 милијарди евра. Заврши времето на популистички мерки, сега се на ред болни реформи вели Зоран Витанов.Нема потреба од намалување на и онака ниските плати во администрацијата, но факт е додава тој дека таа е превработена.

Новата влада ќе има многу работа пред себе. Освен мерки со кои ќе се решат проблемите кои со години го мачат стопанството, како неликвидност, постојани задолжувањата, неефикасно враќање на  ДДВ-то, неопходно е вели академик Абдулменаф Беџети економијата да се растовари од долгата рака на државниот интервенционизам.

Бројките покажуваат дека долгот за осум години е двојно зголемен, а секој македонец во 2016 год. должел околу 2300 евра. Економистите вчера предупредија дека доколку продолжи трендот на задолжувања, а јавниот долг се приближи на 51 % од БДП, државата ќе влезе во опасно сценарио што ќе значи неможност да ги сервисира обврските.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 2050 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.