Еколошки последици ќе предизвика отварањето на рудници во Гевгелија

20 April, 2017 - 18:45

Отворањето рудници во Гевгелија ќе предизвика големи промени во целокупното живеење, климатски, еколошки, па и социјални сметаат универзитетски професори кои денеска дојдоа да дебатираат со гевгеличани, кои би биле потенцијалните последици по животната средина.

Идејата Гевгелија да станува рударски град е назадна и не соодветствува со приоритетите на современиот свет во 21 век, е личниот коментар на професорот Христовски.

Опасноста од загадување на почвата и подземните води останува приоритет за гевгеличани, кои се плашат дека употребата на цијанидот во процесот на лужење на рудата ќе биде прв загадувач на околината.

Дебатата во Гевгелија ја организираше здружението „Спас за нас“, кои ја водата кампањата против рудници во Гевгелија.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 4997 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.