Џафери - Мурниеце: Летонија останува поддржувач на ЕУ интеграцијата на Македонија

19 June, 2017 - 13:41

Летонија и натаму ќе остане силен поддржувач на европската и евроатлантската интеграција на Македонија, бидејќи стабилноста на Западен Балкан зависи од неговата целосна европска интеграција. Ова го истакнала претседателката на летонскиот Парламент, Инара Мурниеце, во Рига на средба со претседателот на макеонското собрание, Талат Џафери.

На средбата е изразена благодарност за силната и конкретна поддршка што Летонија и ја дава на нашата земја на планот на европската и евроатланската интеграција, а како позитивен импулс е посочена Заедничката изјава за отворање на пристапните преговори на Европската унија со Република Македонија, усвоена од страна на претставници на комисиите за европски прашања на парламентите на Летонија, Литванија и Естонија во 2012 година. 

Веста е прочитана 1953 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.