Два предлог закона за високо образование

11 October, 2017 - 16:48

Два предлог закони за високо образование и дијаметрално спротивставени решенија. Факултетите и институтите во моментов го разгледуваат само нацрт текстот изработен од страна на ректорската  управа. Вториот, зад кој застана професоркиот пленум, дел од деканите го оценија како неофицијален поради што не го ставија на маса. Според пленумот една од причините е нивното решение за демократизирање на  изборот на раководните лица.

Според ректорот на УКИМ ваквите обвинувања се без основа. Излеговме со свој предлог бидејќи беше логично дека Универзитетот е најповикан да излезе со нацрт текст, вели Јанкуловски

„Нашите предлог решенија се официјални. Професоркиот пленум од друга страна не е институционализирано тело. Нацрт текстот е во прилог на автономијата на универзитетот. Испратен е до сите факултети и институти, и тие до 12 овој месец треба да ги комплетираат забелешките. Предлог решенијата веќе ги прифатија неколку факултети, соопштија од ректоратот на УКИМ“.

Нацрт текстот предлага одвојување на трезорското работење од Министерството за финансии, формирање на национален совет за високо образование кое ќе предлага национална програма за високото образование, ќе го следи неговиот развој и усогласеноста со европските стандарди. Според пленумот, овие решенија се само козметички и не  ги решаваат најгорливите прашања. Во основа на нашиот концепт е автономијата, вели професорката Стефановиќ.

Автономијата  треба да подрзабира и квалитет вели Стефановиќ. Оттука и нивниот предлог за утврдување за минимум критериуми за избор во звања во цела држава, како и вистински суми за тоа колку чини секоја студиска програма.

Според ректорот Јанкуловски, токму нивните  решенија ја подржуваат автономијата на Универзитетот и неговата независнот од власта. Кои од решенија ќе бидат прифатени на крајот ќе одлучи Министерството за образование.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 1190 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.